Часовите по македонски јазикна далечина (онлајн) се предвидени за:

  • сите што сакаат да го научат или да го усовршат македонскиот јазик а се наоѓаат надвор од Македонија или во друг град (нашите простории се во Скопје)
  • оние што се чувствуваат попријатно кога учат во својата средина и 
  • сите за кои онлајн учењето е вообичаен начин на информирање и усвојување нови знаења.

Целна група се сите што сакаат да учат македонски, а учењето на далечина го сметаат за поволност, односно:

  • Македонци што живеат во странство и имаат желба да го зборуваат или да го усовршат јазикот на нивните предци
  • странци што планираат да престојуваат во Македонија
  • странци што живеат во Македонија
  • жители на Македонија на кои македонскиот јазик им е немајчин
  • жители на Македонија на кои македонскиот јазик им е мајчин, но кои сакаат да ги продлабочат знаењата за одредени области од јазикот за потребите на нивниот професионален живот или образование.

Онлајн часови се изведуваат и за:

Се корист Zoom, но може и други начини заради прилагодување со потребите на студентот.

Практично, секој тип на традиционално учење во училница, денес може да се оствари во виртуелна училница. 

Онлајн наставата може да се изведува:

  • индивидуално или
  • во група. 

Материјалите за курсот се испраќаат на е-адресата на студентот, се споделуваат на Google Docs или се прикачуваат на платформата/апликацијата за учење што се користи. 

Потребен ви е компјутер со добра интернет врска и инсталиран Zoom (или друга апликација што ќе се користи). Се препорачува во текот на часовите да користите слушалки со микрофон (оние вградени во компјутерот често пати го намалуваат квалитетот на звукот, што е важно за квалитетот и успешноста на часот). Потребна е и мирна средина, во која процесот на учење нема да биде прекинуван.

„Беседи“ го обезбедува наставниот материјал потребен за изведување на овој вид часови. 

 

Секој труд е посебна приказна.

Побарај понуда што ќе одговара на твоите барања.