Недостатокот на интерес за читање и времето во кое доминираат кусите информации (кои се и лесно достапни), а во кое комуникацијата меѓу луѓето се сведува на пренесување на куси пораки, користење на многу скратеници заради заштеда на простор и време, најчесто преку социјални медиуми, а сè помалку лице в лице, се покажува штетно за убавото, богато, точно и прецизно писмено и усно изразување. 

Од децата, но и од возрасните, сè поретко се бара да раскажуваат и да прераскажуваат, и усно и писмено. 

Зошто е потребно ова?

...затоа што квалитетот на усното и на писменото изразување е еден од клучните, во низата фактори за остварување ефикасна комуникација. 

Заради подобрување на комуникациските вештини, „Беседи“ организира часови за учење на писмено и усно изразување, преку:

  • читање
  • раскажување
  • пишување на лични творби
  • запознавање со различните функционални стилови на лингвостилистиката (научниот, административниот, публицистичкиот, уметничко-литературниот, разговорниот) и нивна употреба според видот на комуникацијата
  • запознавање со литературната стилистика (за стилските фигури, тропи и др.).

 

Секој труд е посебна приказна.

Побарај понуда што ќе одговара на твоите барања.