Јас сум Билјана Никовска. Го основав Беседи за да ти го пренесам она што го научив и искусив во последниве 20 години и за да го продлабочувам и развивам тоа искуство и знаење заедно со тебе. Дипломирав македонски јазик и јужнословенски книжевности на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а магистрирав македонистика и комуникологија со трудот „Контекстуалната антонимизација во насловите од новинарскиот потстил“. Работам повеќе години како овластен лектор по македонски јазик. Исто така, преведувам и толкувам од и на англиски, подучувам, и сакам да го истражувам јазикот, особено мојот мајчин, македонскиот. Нов интерес ми се книгите за деца, македонските преводи на овие книги и слатките маки што ги мачат преведувачите кога работат на текстови за деца.
Се надевам дека на ова патување ќе раснеме заедно.
Ти благодарам што ја посети мојата веб-страна!
Билјана
КАКО МОЖАМ ДА ТИ ПОМОГНАМ?
Беседи е јазичен центар, кој се фокусира на македонскиот јазик (примарно), но вклучува и услуги поврзани со англискиот јазик. Се наоѓа во Скопје, Македонија, но функционира и на далечина (онлајн). Побарај нè ако ти е потребно:
- да научиш македонски или да го продлабочиш своето знаење за македонскиот;
- коректура, лектура и јазично редактирање за македонски јазик;
- помош при учење;
- часови за усвојување на комуникациски вештини (преку различните техники на пишување и преку усвојување на функционалните стилови, анализа на дискурсот и сл.);
- преведување и толкување помеѓу македонски и англиски, судски превод;
- пишување веб-содржини (content-writing);
- истражување на различни теми од јазикот;
- да учиш англиски;
- учење на далечина - онлајн (за сите услуги коишто можат да се остварат на далечина).
ПОВЕЌЕ ЗА МОЈАТА ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА
Публикувани се следните мои трудови (ако сакаш да ги прочиташ во целост, оди во категоријата Блог):
- Имињата на ликовите во книгите за деца на Беатрикс Потер преведени на македонскиИмињата на ликовите во книгите за деца на Беатрикс Потер преведени на македонски, Меѓународна научна конференција (Скопје, 13−14 ноември 2019 г.), ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ (во печат).
- Пишувањето со рака и дислексијата - Ритмичко пишување на ракописните букви од македонската азбукаПишувањето со рака и дислексијата - Ритмичко пишување на ракописните букви од македонската азбука, Меѓународна научна конференција „Јазикот и културата - состојби и предизвици“ (Скопје, 6−7 ноември 2018 г.), ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје 2019, 207-215
- Антонимите во насловите на веб-порталот Офф.нет.мкАнтонимите во насловите на веб-порталот Офф.нет.мк, Зборник од Деветтиот научен собир на млади македонисти – Конференција во чест на проф. Лилјана Минова-Ѓуркова 2016, Скопје 2018, 87-98
- За антонимите во насловите на новинарските текстови на македонски јазикЗа антонимите во насловите на новинарските текстови на македонски јазик, Македонистика 16, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје 2017, стр. 251–266
- Значењето и слабостите на делото на Роџер Браун: Прв јазик: раните фази, Литературен збор 4-6/2013, Скопје, 47-5начењето и слабостите на делото на Роџер Браун: Прв јазик: раните фазиЗначењето и слабостите на делото на Роџер Браун: Прв јазик: раните фази, Литературен збор 4-6/2013, Скопје, 47-5
УЧЕСТВО НА ПРОЕКТИ
- Европска анкета за употреба на речници – ЕАУР (European Dictionary Survey – EDS) во рамките на Европската соработка во областа на науката и во областа на технологијата – ЕСОНОТ (European Cooperation in Science and Technology – COST) и Европската лексикографска мрежа – ЕЛМ (European Network of Lexicology – EneL) со проф. д-р Лидија Тантуровска од ИМЈ, лансирана во мај 2017. Извештај од анкетата: The Image of the Monolingual Dictionary Across Europe. Results of the European Survey of Dictionary use and Culture, International Journal of Lexicography, Volume 32, Issue 1, March 2019, Pages 92–114, https://doi.org/10.1093/ijl/ecy022 Published: 10 December 2018 https://academic.oup.com/ijl/article/32/1/92/5237031
Придружи ни се на патувањето!