Беседи ја нуди и услугата пишување текстови/содржини за веб-страни (на англ. content-writing) на македонски и на англиски јазик.
Авторите на веб-текстови/содржини за веб-страни се автори што создаваат написи, објави на блогови и други форми на писмен веб-материјал. Најчесто, нивно поле на интерес се јазикот и литературата, новинарството, комуникациите или креативното пишување. Поседуваат силни вештини за пишување, граматика и истражување. Знаења од одредено специфично поле може да бидат предност, како и вештините поврзани со социјалните медиуми. Тие пишуваат содржини за различни видови веб-страни, блогови, социјални мрежи, портали, агрегатори и др.
Во оваа работа, пишувањето е во неизбежна корелација со истражувањето, а тоа често пати го дава не само текстуалниот материјал, туку и тонот и карактерот на веб-страната.
Секој труд е посебна приказна.
Побарај понуда што ќе одговара на твоите барања.