Во оваа статија се анализираат начините на коишто се предадени/преведени имињата на ликовите (личните имиња) во книгите: Приказната за мачето Том, Приказната за двете лоши глувчиња, Приказната за зајачето Питер и Приказната за Бенџамин Зајчевски на авторката Биатрикс Потер, во превод од англиски на Катерина Трајановска и во издание на Либи, дел од Арс Ламина – публикации.
Блог
Резултатите од разни невропсихолошки истражувања и практичните искуства докажуваат постоење на директни невролошки врски меѓу квалитетот на пишувањето со рака, вештина силно поврзана со посложените нивоа на пишувањето и читањето, и невролошките процеси во основата на фонолошкото процесирање, кое се смета дека е поврзано со усвојувањето на читањето.
Во трудот, на основа на материјал (ограничен на насловите) ексцерпиран од содржините на веб-порталот Офф.нет.мк објавувани во текот на 2015 година на македонски јазик, се разгледува антонимијата како јазична појава. Прв импулс за проучување на насловите од овој веб-портал беше нивната креативност и уникатност (што може да се разработува во други пригоди).
Трудот ја истражува антонимијата по претпоставка дека новинарите ја користат често во насловите на новинарските текстови, за изразување креативност и интенцијалност како важни одлики на новинарскиот потстил на публицистичкиот стил.
Познат по своите интереси за тоа како детето го учи јазикот и како зборовите ги означуваат нештата, Роџер Вилијам Браун (Roger William Brown 1925–1997), американски психолог, лидер на социјалната психологија, основач на развојната психологија и пионер во проучувањето на процесот на усвојување на јазикот кај децата, се зафатил за голем проект со цел да го истражи лингвистичкиот развој на децата.
Истражувачката работа е комплексен процес, систематско барање да се опише, објасни, предвиди и контролира одредена појава. Се состои од повеќе фази и од различна методологија за постигнување на специфичните цели.
- Преведување, толкување и лекторирање
Општите услови за тарифирање на лекторирањето и на преведувањето/толкувањето се во согласност со Препораките на Здружението на лекторите на РМ и со Препораките на Здружението на преведувачите на РМ.
* Секоја лекторска и преведувачка работа е специфична и не може да има една стандардна цена. Затоа лекторот/преведувачот цената ја одредува посебно за секоја лекторска/преведувачка работа врз основа на потребите, барањата и особенстите на таа работа.
- Часови по македонски и англиски јазик, помош при учење и комуникациски вештини
Организацијата и цените на овие услуги во „Беседи“ се одредуваат според тоа дали часовите се:
- индивидуални: во времетрање од 90 мин. (препорачливо за возрасни), од 60 мин. (препорачливо за возрасни и за деца) или од 45 мин. (препорачливо за деца);
- групни: 2-5 студенти во група во просториите на „Беседи“ или во група од повеќе од 5 на понудена локација во времетраење од 90 мин. (препорачливо за групните часови) или 60 мин.
- во просториите на Беседи, на друга локација или онлајн.
✔ Сите кандидати коишто не се апсолутни почетници се тестираат за да се одреди нивното ниво на познавање на јазикот. Тестирањето на овие кандидати е задолжително и е бесплатно.
✔ Постои можност за одржување на часовите надвор од просториите на Беседи (цената во таков случај ги вклучува и патните трошоци).
✔ Часовите се одржуваат во Скопје. За учениците од други градови или надвор од Македонија постои можност за одржување на онлајн часови.
- Истражување и пишување веб-содржини (content-writing)
*Истражувањето и пишувањето веб-содржини се специфични услуги и не може да имата една стандардна цена. Цените за овие услуги се одредуваат на основа на потребите, барањата и особеностите на работата.
☏ Повеќе информации може да добиете на телефонскиот број +389 (0)77 66 95 44 или
✉ испратете е-порака на
За комуникација и Viber, Skype и Whatsapp.