Во оваа статија се анализираат начините на коишто се предадени/преведени имињата на ликовите (личните имиња) во книгите: Приказната за мачето Том, Приказната за двете лоши глувчиња, Приказната за зајачето Питер и Приказната за Бенџамин Зајчевски на авторката Биатрикс Потер, во превод од англиски на Катерина Трајановска и во издание на Либи, дел од Арс Ламина – публикации.

Во трудот, на основа на материјал (ограничен на насловите) ексцерпиран од содржините на веб-порталот Офф.нет.мк објавувани во текот на 2015 година на македонски јазик, се разгледува антонимијата како јазична појава. Прв импулс за проучување на насловите од овој веб-портал беше нивната креативност и уникатност (што може да се разработува во други пригоди).

Познат по своите интереси за тоа како детето го учи јазикот и како зборовите ги означуваат нештата, Роџер Вилијам Браун (Roger William Brown 1925–1997), американски психолог, лидер на социјалната психологија, основач на развојната психологија и пионер во проучувањето на процесот на усвојување на јазикот кај децата, се зафатил за голем проект со цел да го истражи лингвистичкиот развој на децата.

Резултатите од разни невропсихолошки истражувања и практичните искуства докажуваат постоење на директни невролошки врски меѓу квалитетот на пишувањето со рака, вештина силно поврзана со посложените нивоа на пишувањето и читањето, и невролошките процеси во основата на фонолошкото процесирање, кое се смета дека е поврзано со усвојувањето на читањето.

Трудот ја истражува антонимијата по претпоставка дека новинарите ја користат често во насловите на новинарските текстови, за изразување креативност и интенцијалност како важни одлики на новинарскиот потстил на публицистичкиот стил.

Истражувачката работа е комплексен процес, систематско барање да се опише, објасни, предвиди и контролира одредена појава. Се состои од повеќе фази и од различна методологија за постигнување на специфичните цели.